Државниот завод за статистика е институција која продуцира и дисеминира статистички податоци и истовремено е координатор на националниот статистички систем. Исто така, Државниот завод за статистика го претставува националниот статистички систем во Европа и светот.
Во согласност со Законот за државан статистика, Државниот завод за статистика е стручна и самостојна институција. Бројот и видот на статистички истражувања, што ги спорведува Заводот и другите учесници во статистичкиот систем се определува со Петгодишната програма за статистички истражувања.
МИСИЈА
Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни статистички податоци за македонската економија и општество
ВИЗИЈА
Нашата визија е да се развиваме во модерна, иновативна и целосно дигитализирана институција која ќе обезбедува висококвалитетни, навремени и меѓународно споредливи статистички податоци во согласност со потребите на корисниците.
ВРЕДНОСТИ
Вредностите на Државниот завод за статистика се:
- Покажување почит кон нашите вработени, партнери и корисници
- Стремење кон извонредност во сè што правиме
- Воведување на иновациите во официјалната статистика
- Промовирање ориентација кон услугите
- Одржување на професионалната независност.