Квалитет

Кодекс за работа на европската статистика

Земјите-членки на Европскиот статистички систем се стремат кон меѓусебна соработка и постојана интеракција со корисниците во согласност со принципите на Кодексот за работа на европската статистика и општите принципи за управување со квалитет, вклучувајќи и посветеност на раководството, партнерство, задоволство на вработените и постојано надградување, покрај интеграцијата и хармонизацијата. Кодексот за работа наевропската статистика е донесен од страна на Комитетот на европскиот статистички систем на 28 септември 2011 година

Кодексот за работа на европската статистика е заснован на 15 принципи од областа на институционалната околина, процесите на статистичко производство и статистичките аутпути.
За секој од принципите постои сет од индикатори за добра практика кои претставуваат референтни точки за следење на имплементацијата на Кодексот. Критериумите за квалитет на европската статистика се дефинирани во Законот за европската статистика2.

Статистичките органи3 кои ги сочинуваат Комисијата (Евростат), националните статистички институти и други национални органи одговорни за развој, производство и дисеминација на европска статистика4, заедно со владите, министерствата и Европскиот совет, се обврзуваат да го почитуваат Кодексот.

Принципите од Кодексот за работа, заедно со општите принципи за управување со квалитет, претставуваат заедничка рамка за квалитет во Европскиот статистички систем. 
 
1 Регулатива (ЕС) 223/2009, член 4
2 Регулатива (ЕС) 223/2009, член 12
3 Регулатива (ЕС) 223/2009, членови 4 и 5
4 Регулатива (ЕС) 223/2009, член 1. Во Кодексот за работа, „другите национални органи одговорни за развој, производство и дисеминација на европска статистика" се именувани како „други статистички органи".

Кодекс за работа на европската статистика