Квалитет

Основни принципи на официјалната статистика на Обединетите нации

На 29 јануари 2014 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри Предлог-резолуцијата A/68/L.36 насловена како Основни принципи на официјалната статистика.

Принципите беа потврдени од  Статистичката комисија со нова преамбула во март 2013 година, а потоа и одобрени од Економскиот и социјалниот совет на 24 јули 2013 година (Резолуција 2013/21). Со одобрувањето од Генералното собрание на Обединетите нации, Основните принципи за првпат добиваат толку високо признание на глобално политичко ниво.
 
Преамбула 2013


Преамбула 1994 – 2013