Политики и стратегии

Отворени податоци

Податоците што ги објавува Државниот завод за статистика на својата веб- страница се отворени за корисниците

Државниот завод за статистика обезбедува отворени податоци за корисниците и тие може да ги користат податоците што се достапни на веб-страницата бесплатно, притоа е потребно да го наведат изворот од каде се преземени податоците (Извор: Државен завод за статистика).

База на отворени податоци МАКСТАТ

Базата на податоци МАКСТАТ целосно ги задоволува критериумите за отворени податоци. Без надоместок, со алатката PXWeb, корисниците може да изберат податоци, да ги преуредуваат податоците, да прават пресметки и на крај да ги зачуваат податоците во различни формати: XLSX, XML, JSON, CSV итн. 

PXWeb API

Корисниците може да пристапат до податоците во базата на податоци МАКСТАТ и преку PXWeb API (Application Programing Interface). На тој начин, корисниците може да користат цели табели или дел од табели во базата на податоци МАКСТАТ според своите потреби за различни цели.

Податоците се бесплатни за сите корисници, што значи дека не се потребни посебни договори. Единствен услов е при користењето да се наведе изворот (Извор: Државен завод за статистика). Ако од базата МАКСТАТ се користат податоци за кои се одговорни други институции, во тој случај нема потреба од наведување на изворот. При користење на податоците преку API, не е дозволено да се користи штетно кодирање.
Исто така, не е дозволено дополнително развиени апликации од корисникот да бидат презентирани како „официјална соработка“ или „партнерство“ со Државниот завод за статистика.