Политика на интегритет

Политика на интегритет

Државните органи и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија го прифаќаат интегритетот како темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на корупцијата. Интегритетот е од суштинско значење за економскиот, социјалниот и општествениот просперитет.

Државните органи и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија го прифаќаат интегритетот како темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на корупцијата. Интегритетот е од суштинско значење за економскиот, социјалниот и општествениот просперитет.

Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои слежбените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.

Засилувањето и подигнувањето на интегритетот е заедничка мисија и одговорност на сите институции во системот и на сите нивоа на власт.

Прифаќајќи ја политиката на интегритет, Државниот завод за статистика се обврзува на:

  • воспоставување на систем на интегритет во институциите,
  • спроведување и поддршка на системот за интегритет и
  • следење и известување за примената на системот за интегритет.

Државниот завод за статистика ги запознва со својата политика за интегритет и припадниците на приватниот сектор, граѓанското општество и граѓаните, барајќи од нив, како партнери во процесот, да ги почитуваат поставените вредности и стандарди во односите со државните органи и институциите од јавниот сектор.

Документот можете да го превземете на следниот линк: Политика на интегритет

Годишен план за проценка на ризици од корупција
Правила за постапување со подароци, погодности и гостопримства 
Правила за однесување на вработените (Етички кодекс)
Упатство за начинот на постапување при заштитено внатрешно пријавување
Упатство за начинот на спроведување на јавните набавки 
Упатство за спречување судир на интереси 
Патување во странство
Правилник за начинот на спроведување внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет преземање финансиски обврски и избршување плаќања во ДЗС
Упаство, учество на состаноци организирани во земјата