Државен завод за СТАТИСТИКА

Политики и стратегии

Политика за приватност

Оваа политика за приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернетска страница и/или кога користите некоја од нашите услуги преку неа.

Оваа политика за приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернетска страница и/или кога користите некоја од нашите услуги преку неа. Ги собираме само оние лични податоци што се неопходни за да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.  

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Државниот завод за статистика (во натамошниот текст: ДЗС), со седиште на ул. „Даме Груев“ бр. 4, Скопје, Република Северна Македонија.
ДЗС  е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република  Северна Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество. Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичкиот систем на државата, тој е одговорна институција за меѓународната соработка во областа на статистиката, како и за дефинирање на статистичките методологии и стандарди и за обезбедување заштита на индивидуалните податоци што се прибираат од индивидуални лица и од правни субјекти.

Чии податоци собираме?

Може да собираме податоци за следниве категории лица:
-    Посетители на нашата веб-страница www.stat. mk. Вообичаено, собираме податоци за навигација (види подолу) што се користат за анализирање на податоците од посетите на нашата веб-страница. За повеќе за употребата на колачиња, прочитајте ја нашата политика за користење колачиња политика за користење колачиња.
-    Лица што бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации, од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци што се обработуваат

1.    Податоци за навигација
При посетата на нашата интернетска страница, серверот креира логови за секој посетител со податоци за:

-    Адресата на интернетскиот протокол (IP);
-    Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
-    Вашиот оперативен систем;
-    Видот на пребарувачот, „plugins“ и верзија;
-    Страниците што ги посетувате на нашата веб-страница и времето што го минувате на секоја страница;
-    URL на страницата што ве префрлила на нашата веб-страница и, во некои случаи, термините што сте ги користеле во обидот да ја најдете страницата на ДЗС;
-    Јазикот на пребарувачот што го користите;
-    Државата (се одредува преку IP-адресата).
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб-страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите што се креираат и анализирањето на податоците што се пренесуваат од посетите на нашата веб- страница.

2.    Податоци што корисниците ги доставуваат доброволно
Личните податоци што ги прибираме од вашата посета на нашата веб-страница се оние што вие ги доставувате доброволно за конкретни цели за да ни овозможите да ги оствариме нашите овластувања како што се добивањето известувања по е-пошта, барањата на податоци итн.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, е-пошта, телефон, адреса, град, држава. Во нашите годишни извештаи вообичаено се наведуваат информации за бројот на барањата во форма што не открива нечиј идентитет.

Како  ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучително и:

-    со вашето користење на нашата веб-страница, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
-    преку нашата е-пошта info@stat.gov.mk;
-    преку пошта;
-    по факс.
 

Време на чување на собраните податоци

Податоците што ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.