Политика за статистичка доверливост
Резултатот на статистичката обработка може да генерира информации што се сметаат за доверливи, на пример: анонимизирани микроподатоци, табели со многу ниско ниво на агрегација, како и необјавени податоци.

Државниот завод за статистика прибира податоци за физички и правни лица кои имаат третман на доверливи информации. Резултатот на статистичката обработка може, исто така, да генерира информации кои се сметаат за доверливи, на пример: анонимизирани микроподатоци, табели со многу ниско ниво на агрегација, како и необјавени податоци.
Политиката за статистичка доверливост има за цел да ги постави основните начела што се применети во ДЗС, а произлегуваат од:
- Законот за државната статистика
- Кодексот за работа на Европската статистика
- Резолуцијата на Обединетите нации за Основните принципи на официјалната статистика
Документот може да го преземете на следниот линк:Политика за статистичка доверливост.