Политики и стратегии

Политика за дисеминација

Политиката за дисеминација е документ што е во согласност со постојните стратегиски документи на Државниот завод за статистика: Стратегискиот план, Стратегијата за дисеминација и Политиката за квалитет. ДЗС вложува континуирани напори за да обезбеди ефикасна дисеминација на своите производи и услуги.

За податоците да станат достапни за корисниците, потребно е голем број  бази на податоци, прибрани од статистичките истражувања, да се трансформираат во концизни и релевантни информации што ќе станат достапни за корисниците преку различни дисеминациски производи. На овој начин, ДЗС ги задоволува потребите на различни групи корисници, а пред сè, ја исполнува главната задача на официјалната статистика за развој, производство и дисеминација на статистички податоци на непристрасен, објективен, професионален и транспарентен начин, со третирање на сите корисници на еднаков начин. 

ДЗС е посветен на обезбедување висококвалитетни, навремени и меѓународно споредливи податоци за состојбите и движењата во економијата, демографијата и општеството, кои се неопходни за донесување одлуки и за креирање  политики, како и за научноистражувачки цели.

Дисеминацијата, исто така, има улога и во подобрувањето на статистичката писменост на јавноста. 

За да се постигнат овие цели, објавувањето на податоците треба да биде во согласност со:

  • Законот за државната статистика;
  • Програмата за статистички истражувања;
  • Стратегијата за дисеминација;
  • Политиката за квалитет;
  • Кодексот за работа на европската статистика;
  • други интерни упатства и процедури. 

Земајќи ги предвид заедничките практики за дисеминација и националните потреби, ДЗС во својата активност за дисеминација работи врз основа на следниве принципи: релевантност, достапност и јасност, непристрасност и објективност, навременост и точност, кохерентност, споредливост и доверба.

Документот можете да го превземете на следниот линк: Политика за дисеминација.