Процедури

Постапка за лобирање во Државниот завод за статистика

Процедура за уредување на постапката за лобирање во Државниот завод за статистика

Постапка за лобирање

Лобирањето претставува активност со цел остварување влијание врз процесите на подготвување, донесување и изменување:

  • закони, подзаконски или други општи акти,
  • јавни политики, односно програми што ги донесуваат органите кај кои се лобира.

Контакт со цел лобирање е посредна или непосредна комуникација со лицата кај кои се лобира, без оглед на локацијата каде што се остварува таа, начинот и средството за комуникација што се користат.

Лице кај кое се лобира во Државниот завод за статистика е директорот на Заводот. 

Избрани и именувани лица не смеат да вршат лобирање додека им трае мандатот.

Барање за остварување  контакт со цел лобирање претставува секое усно/писмено барање за состанок или средба, телефонски контакт или контакт преку електронска пошта, насочено кон лицето кај кое се лобира во Државниот завод за статистика.

Директорот треба да ја утврди целта на бараниот контакт, при што по потреба може да побара повеќе информации за бараниот контакт. Кога директорот ќе утврди дека контактот е со цел лобирање, пристапува кон проверка на лицето што го контактира и за таа цел бара лицето што го контактира да достави податоци за идентификација како лобист или претставник на лоби-организација, како и податоци за нарачателот на лобирањето.

Државниот завод за статистика на официјалната веб-страница www.stat.mk редовно ќе објавува соопштенија за сите остварени официјални средби и состаноци, без разлика дали средбата/состанокот е со цел лобирање или е со друга цел. 

Линк до документот