Законски акти

Програма за статистички истражувања

Програмата за статистички истражувања е подзаконски акт во кој се наведени сите статистички истражувања од кои се продуцираат официјални статистички податоци применувајќи статистички стандарди, методи и техники.

Програмата за статистички истражувања 2023 – 2027 е шеста петгодишна програма што се донесува во Република Северна Македонија по донесувањето на Законот за државната статистика. 

Целта на Програмата е:

  • Да обезбеди рамка на статистичката продукција, т.е. да ги определи статистичките истражувања што ќе се спроведуваат во дадениот петгодишен период, со дефинирани основни елементи на истражувањата
  • Да ги информира корисниците (органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, деловните субјекти, научната заедница, медиумите, меѓународните  институции и широката јавност) за податоците што ќе бидат произведени како официјални статистички податоци од страна на ДЗС и од останатите овластени носители.

Официјалните статистички податоци од доменот на демографијата, економијата, финансиите, социјалната сфера, земјоделството, животната средина итн. ќе претставуваат основа за:

  • Донесување  одлуки во сите сфери на економските, општествените и други дејности од страна на Владата на Република Северна Македонија, надлежните министерства и другите државни органи на централно и на локално ниво.
  • Донесување одлуки на менаџерите во приватниот и во јавниот сектор. 
  • Поддршка на научните истражувања како носечки сегмент на развојот.
  • Обезбедување споредливи податоци за развојот на земјата заради споредба со другите земји во регионот, кандидатите за членки и членките на Европската Унија, како основа за приближување на Република Северна Македонија кон Европската Унија.
  • Приближување на статистичкиот систем на Република Северна Македонија до Европскиот статистички систем (ЕСС),
  • Процена на странските инвеститори за можностите и исплатливоста на инвестициите во сферите на нивниот интерес во Република Северна Македонија.

Документот можете да го преземете на следниот линк: Програма за статистички истражувања, 2023-2027