Тековни проекти
Повеќекорисничка програма за статистичка соработка ИПА 2022
Повеќекорисничките програми имаат за цел да го подобрат капацитетот на националните статистички институции и другите носители на статистички истражувања во националните статистички системи во земјите кориснички, со цел тие да можат да обезбедуваат високо квалитетни статистички податоци за носење и следење на политики засновани на докази. Истовремено, се зајакнуваат и капацитетите на националниот статистички систем за пренос на пдоатоци до Евростат, кој ги валидира и дисеминира податоците доколку тие ги задоволуваат критериумите за квалитет.
Главните цели на проектот се:
- Надградба и зајакнување на статистичките системи во земјите-кориснички и натамошно зајакнување на интеграцијата на корисниците во рамките на ЕСС.
- Подобрување на достапноста, доверливоста, навременоста, квалитетот и споредливоста на статистичките податоци во земјите-кориснички, кои се од суштинско значење за развој, имплементација и следење на европските политики (како што се Стратегијата за Западен Балкан, Економски и инвестициски план за Западен Балкан, политички дијалози со Турција) и за подготовка на земјите-партнери за идното членство во ЕУ.
- Поддршка на напорите за обезбедување професионална независност на националните статистички институти (НСИ) на земјите-кориснички и да ја зајакнат управувачката улога на НСИ како координатори на официјалниот статистички систем, зголемување на довербата во официјалната статистика од страна на корисниците.
- Подобрување на ефикасноста на НСС во земјите-кориснички користејќи модерни и економични методи за статистичко производство (како што е употребата на административни регистри и други (нови) извори на податоци.
Статистички проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2022
Грант-договор:
- Статистики на владини финансии и Процедура за прекумерен долг
- Хармонизиран индекс на трошоци на живот и индекс за домување
- Паритет на куповна моќ
- Деловен регистар
- Краткорочни деловни статистики, подобрување на усогласеноста со регулативата за европските деловни статистики
- Статистики за транспорт
- Статистики за енергија
- Структурни деловни статистики, бизнис демографија
- Анкета за работна сила
- Анкета за приходи и услови на живеење
- Индекс на цена на труд
- Статистики за вода
- Статистики за град/географски информации
- Управување со квалитет
- Надворешна трговија со услуги
Договор за услуги:
- Национални сметки - методологија
- Програма за трансмисија, годишни национални сметки, квартални национални сметки и извештаи за квалитет;
- Секторски сметки
- Табели за понуда и употреба, и input-output табели
- Комуникација