Тековни проекти

Национален проект на Шведската статистика и ДЗС „Статистиката во согласност со потребите на корисниците и европските барања“

Проектот има за цел да го подобри севкупниот капацитет на ДЗС за производство и дисеминација на квалитетни статистики, за да обезбеди зголемена достапност на статистиката во согласност со потребите на сегашните и идните корисници, како и барањата на законодавството на ЕУ во статистиката.

Проектот се состои од следниве компоненти:

Компонента 1 – Менаџмент

Зајакнато искористување на човечките ресурси преку:

  • Развивање на структуриран систем за внатрешна комуникација
  • Развивање и пуштање во употреба на обновен интранет
  • Поддршка на ДЗС да развие нова организациска структура
  • Имплементација и користење на систем за планирање и мониторинг
  • Ажурирана и подобрена анкета за задоволството на корисниците

Компонента 2 – Статистичка методологија

Зајакнат капацитет за методологии преку:

  • Воспоставување на функција за методолошка поддршка
  • Создавање на структурирана документација за производството на статистики
  • Воспоставување на програма за обука за методологија

Компонента 3 – Информатичко комуникациска технологија

Модернизирано ИКТ работење преку:

  • Подготовка на политика за ИТ алатки и системи 
  • Развивање на програма за обука за ИКТ
  • Формирање на центар за обука
  • Поддршка на ДЗС за консолидирање на бази на податоци
  • Понатамошно развивање на Системот за управување со безбедноста на информациите
  • Пуштање во употреба на новата веб-страница
  • Понатамошна поддршка на развојот на МАКСТАТ базата 

Компонента 4 – Регистри

Зголемена употреба на регистри преку:

  • Користење на Регистарот на вработени
  • Развивање на Регистар за образование
  • Изготвување на патоказ за производство на статистики засновано на регистри