Тековни проекти
Проектни активности во ДСЗ
Државниот завод за статистика, на квартална основа, објавува билтени со информации за активностите што се спроведуваат во рамки на проектите во ДЗС.
Преку овие билтени ќе се презентираат клучните настани, постигнувања и тековни проектни активности, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста и засегнатите страни.
Билтените ќе бидат јавно достапни и редовно објавувани на веб-страницата на Државниот завод за статистика, како дел од заложбите за отвореност, отчетност и јакнење на довербата во институцијата.