Тековни проекти

Твининг проект „Подобрување на квалитетот и опфатот на статистиките за животна средина и здравствените статистики“

Општата цел која треба да се постигне со овој проект е подобрување на користењето на статистички и финансиски податоци во носењето и спроведувањето на политики преку зајакнување на капацитетите за производство и дисеминација на статистики за животна средина и здравствени статистики.

Проектот ги содржи следниве компоненти:

Компонента 1 – Статистики за животна средина и земјоделство  

  • Подобрување на квалитетот на статистиките за отпад
  • Подобрување на усогласеноста на статистиките за вода со стандардите на ЕУ
  • Подобрување на квалитетот и бројот на објавени индикатори за статистики за животна средина
  • Користење на административни извои за производство на статистики за животна средина
  • Составување на монетарни сметки за животна средина
  • Подобрување на статистиките за енергија
  • Подобрување на статистиките за шумарство и земјоделство

Компонента 2 – Здравствени статистики 

  • Подготвување на Европска анкета за здравство (ЕХИС)
  • Подобрување на здравствените сметки