Завршени проекти

Национален проект на Шведската статистика и ДЗС „Зголемена достапност и употреба на официјална статистика во Република Северна Македонија“

Ефектот кој се очекува да го постигне овој проект е зголемување на довербата кај корисниците на статистичките податоци во Република Северна Македонија. Тоа ќе се постигне со остварување на проектната цел – зголемена достапност и употреба на официјална статистика во Република Северна Македонија.

Проектот ги содржи следните компоненти:

Компоненета 1 - Подобрена ефикасност на процесот на производство на статистика

  • Подобрување на ефикасноста на процесот на производство на статистики преку развивање на модернизирана рамка за планирање и мониторинг.
  • Развој на формат за известување врз основа на рамката за планирање.

Компонента 2 - Подобрен опсег и квалитет на статистичко производство

  • Поддршка на ДЗС за развивање на Индекс на цени на услуги и Регистар на вработени.
  • Развивање на социјални и економски статистики со користење на административни податоци.

Компоненета 3 - Подобрена комуникација

Поддршка на ДЗС во подобрување на интеракцијата со корисниците на податоци преку:

  • Развивање на Комуникациска стратегија (надворешна комуникација)
  • Развивање на Стратегија за социјални медиуми
  • Развивање на внатрешна комуникациска стратегија
  • Редизајн на веб страницата на ДЗС

Компонента 4 - Подобрена ефикасност за управување со човечките ресурси

Подобрување на состојбата со човечките ресурси во ДЗС и зголемена мотивираност кај вработените.

  • Развивање на материјал за обука на нововработени лица.
  • Обука на обучувачи (млади колеги од стручните одделенија и од одделенијата за поддршка на работниот процес).
  • Обука на средниот менаџмент (раководители на одделенија).
  • Спроведување на анкета за задоволство на вработените.
  • Зголемено знаење за ефикасноста на работното место