Завршени проекти

Национална програма ИПА 2017 „Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци“

Проектот има за цел да го подобри квалитетот и достапноста на статистичките податоци во Република Северна Македонија и да го унапреди нивното користење во изработката и координацијата на јавните политики. Понатаму, проектот ќе го поддржи ДЗС во усогласување со законодавството на ЕУ и ќе ја надгради неговата статистичка инфраструктура и ИКТ инфраструктурата за зголемена ефикасност на статистичкото производство, како и за подобрен квалитет на податоците за може подобро да одговори на предизвиците кои настануваат заради променливото законодавство на ЕУ.

Проектот се состои од 4 компоненти:

  • Компонента 1: Дополнително усогласување со стандардите на ЕУ на полето на макро-економската статистика
  • Компонента 2: Дополнително усогласување со стандардите на ЕУ на полето на деловната статистика
  • Компонента 3: Дополнително усогласување со стандардите на ЕУ на полето на социјалната статистика
  • Компонента 4: Дополнително подобрена инфраструктура на Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ).

Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на ИПА II 2017 Програмата.