Завршени проекти
Повеќекорисничка програма за статистичка соработка ИПА 2017
Повеќекорисничките програми имаат за цел да го подобрат капацитетот на националните статистички институции и другите носители на статистички истражувања во националните статистички системи во земјите кориснички, со цел тие да можат да обезбедуваат високо квалитетни статистички податоци за носење и следење на политики засновани на докази. Истовремено, се зајакнуваат и капацитетите на националниот статистички систем за пренос на пдоатоци до Евростат, кој ги валидира и дисеминира податоците доколку тие ги задоволуваат критериумите за квалитет.
Главните цели на проектот се:
- Да го поддржи процесот на хармонизирање на производството на статистики во земјите кориснички за идно членство во ЕУ со усогласување на нивните сегашни методологии и резултати со законодавството на ЕУ и приближување на нивната интеграција во Европскиот статистички систем
- Да се интензивираат напорите за подобрување на квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди неоспорни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.
Статистички проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2017
Грант-договор:
- Статистики на владини финансии и Процедура за прекумерен долг;
- Статистика на надворешна трговија со услуги
- Хармонизиран индекс на трошоците за живот и Индекс на домување;
- Статистики на цени – Паритет на куповна моќ;
- Краткорочни деловни статистики: подготовки за FRIBS;
- Структурни деловни статистики- Бизнис-демографија;
- Статистика на надворешна трговија со стоки
- Статистика на криминал
- Анкета за родово базирано насилство;
- Сметки за животна средина;
- Управување со квалитет
- Изворни (основни) податоци неопходни за пресметка на индикаторите за процедурата за макроекономска неурамнотеженост
Договор за услуги:
- Национални сметки - методологија
- Програма за трансмисија, годишни национални сметки, квартални национални сметки и извештаи за квалитет;
- Регионални сметки
- Секторски сметки
- Земјоделски статистики