Завршени проекти

Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2019

Повеќекорисничките програми имаат за цел да го подобрат капацитетот на националните статистички институции и другите носители на статистички истражувања во националните статистички системи во земјите кориснички, со цел тие да можат да обезбедуваат високо квалитетни статистички податоци за носење и следење на политики засновани на докази. Истовремено, се зајакнуваат и капацитетите на националниот статистички систем за пренос на пдоатоци до Евростат, кој ги валидира и дисеминира податоците доколку тие ги задоволуваат критериумите за квалитет.

Главните цели на проектот се:

  • Да го поддржи процесот на хармонизирање на производството на статистики во земјите кориснички за идно членство во ЕУ со усогласување на нивните сегашни методологии и резултати со законодавството на ЕУ и приближување на нивната интеграција во Европскиот статистички систем
  • Да се интензивираат напорите за подобрување на квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди неоспорни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.

Статистички проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2019

Грант-договор:

  • Статистики на владини финансии и Процедура за прекумерен долг;
  • Статистика на надворешна трговија со услуги;
  • Хармонизиран индекс на трошоците за живот;
  • Статистики на цени – Паритет на куповна моќ;
  • Краткорочни деловни статистики;
  • Статистика на надворешна трговија со стоки;
  • Сметки за животна средина и шумарство;
  • Управување со квалитет.

Договор за услуги:

  • Национални сметки - методологија
  • Програма за трансмисија, годишни национални сметки, квартални национални сметки и извештаи за квалитет;
  • Секторски сметки
  • Табели за понуда и употреба, и input-output табели
  • Комуникација