Државен завод за СТАТИСТИКА

Организациска поставеност

Директор


Д-р Дејан Станков е директор на Државниот завод за статистика од август 2024 година. Пред неговото именување работел како самостоен советник аналитичар во Дирекцијата за статистика во Народната банка, одговорен за екстерни статистики. Има богато искуство во областа на официјалните статистики, вклучително и како заменик директор на Државниот завод за статистика. Неговата професионална кариера е збогатена со стажирање во Евростат, како млад статистичар во 2011 година.

Станков е доктор на економски науки и насловен доцент по група предмети од областа финансии на Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Станков е член на Групата на високо ниво за партнерство, координација и градење капацитети за статистика, како дел од Агендата за одржлив развој 2030 на Обединетите нации. Учествувал на бројни статистички конференции, семинари, работилници и состаноци на експертски групи организирани во рамките на Европскиот статистички систем, како и на интензивни курсеви од областа на статистиката организирани од Меѓународниот монетарен фонд.