Ова Одделение предлага и подготвува нацрт- функционална анализа на работните места во Државниот завод за статистика, врши методолошка, организациска и техничка поддршка во изработката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, врши планирање на бројот на потребните извршители за секое работно место, во квалитативна и квантитативна димензија, обезбедува стручно-оперативна поддршка во спроведувањето на постапките за пополнување на слободно работно место и учествува во работата на комисијата за селекција на државен службеник.