Секторот за дисеминација е одговорен за објавување на статистичките податоци што ги произведува Државниот завод за статистика, оперативно-техничка подготовка на публикационите материјали, информирање на корисниците на податоци за објавените резултати од статистичките истражувања, управување со барања на корисниците, пополнува статистички прашалници од меѓународни институции во соработка со другите сектори во Заводот, ја развива и ја одржува веб-страницата на ДЗС и МакСтат базата на податоци.