Совет за статистика
Советот за статистика на Република Северна Македонија претставува советодавно и стручно тело на државната статистика.

Советот за статистика на Република Северна Македонија претставува советодавно и стручно тело на државната статистика.
Советот е составен од претседател и 13 членови кои ги именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија. Директорот на Заводот е член на Советот по функција.
- Претседател на Советот за статистика:
Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар
- Членови на Советот:
- д-р Дејан Станков, директор на Државен завод за статистика;
- Илир Селмани, собраниски државен советник за економски систем во Службата на Собранието на Република Северна Македонија;
- Бари Исени, раководител на Сектор за трезор во Министерството за финансии;
- Лилјана Торова, заменик–директор на Дирекцијата за статистика во Народната банка на Република Северна Македонија;
- Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода;
- Владанка Трајкоска, претседателка на организацијата на работодавачи на Македонија, на предлог на Економско-социјален совет;
- Јасмина Чаушоска, соработник во Македонски центар за меѓународна соработка;
- Сашо Деспотоски, соработник во Стопанската комора на Македонија;
- Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија;
- Мендерес Кучи, на предлог на Стопанската комора на Северо-западна Македонија
- проф.д-р Марија Трпкова Несторовска, професор на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” - Скопје;
- проф.д-р Анета Цекиќ, професор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј”- Скопје;
- проф.д-р Иван Радевски, вонреден професор на Институтот за географија на Природно – математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Претседателот и другите членови се претставници на:
- Собранието на Република Северна Македонија,
- Министерството за финансии,
- Народната банка на Република Северна Македонија,
- Заедницата на единиците на локалната самоуправа,
- економско социјалниот совет,
- невладините организации,
- стопанските комори и
- научните институции
Советот ги врши следните работи:
- Расправа за појдовните основи на Програмата за статистички истражувања;
- Дава мислење по предлогот за донесување на Програмата;
- Дава сугестии и предлози во однос на методолошките основи на статистичките истражувања на Заводот и на овластените носители;
- Дава предлози за измени и дополнувања на Програмата до Заводот;
- Дава мислење за предложените измени и дополнувања на Програмата;
- Дава мислење за Годишниот извештај на Заводот за реализација на Програмата;
- Дава мислење и предлози по закони и други прописи од областа на државната статистика;
- Предлага модернизација и рационализација на државната статистика;
- Предлага унапредување на меѓународната соработка во областа на статистиката.