Организација

Правилник за внатрешна организација

Со внатрешната организација на Заводот се обезбедува законито вршење на работите и задачите утврдени со закон, други прописи и акти, насоченост кон корисниците на услуги, независност и одговорност при вршењето на службените задачи, еднообразност и хиерархиска поставеност на организациските единици, делегирање на овластувања и меѓуресорска координација.

Со овој Правилник се уредува внатрешната организација на Државниот завод за статистика (во натамошниот текст: Заводот), а особено: видовите и бројот на организациските единици, нивниот делокруг на работење, одговорноста и меѓусебните односи, начините и формите на раководењето со организациските единици во Заводот, како и графички приказ на внатрешната организација на 
Заводот.

Надлежностите на Заводот произлегуваат од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11) и Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/97,21/07,51/11,104/13, 42/14,192/15, 27/16 и 83/18).

Со внатрешната организација на Заводот се обезбедува законито вршење на работите и задачите утврдени со закон, други прописи и акти, насоченост кон корисниците на услуги, независност и одговорност при вршењето на службените задачи, еднообразност и хиерархиска поставеност на организациските единици, делегирање на овластувања и меѓуресорска координација.

Целиот документ можете да го преземете тука: Правилник за внатрешна организација