Барање за податоци
КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА
За сите статистички податоци и информации што не успеавте да ги најдете на нашата веб-страница, може да нė контактирате на еден од следните начини:
- Да испратите барање/прашање на електронската адреса info@stat.gov.mk
- Со писмо по пошта, на адреса ул. „Даме Груев“ бр. 4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
- Преку телефон, на следните телефонски броеви: +389 (0)2 3295 641; 3295 741; 3295 642
Можете да ни се обратите секој работен ден од 8:.30 до 15:.30 часот. На сите Ваши прашања и барања за податоци ќе ви одговориме во најкраток можен рок.
ЕВРОПСКИ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ
ESDS е услуга што Ви помага и Ве насочува како да ги најдете статистичките податоци за Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидатки.
Во рамките на проектот ESDS (European Statistical Data Support), Државниот завод за статистика претставува еден од овластените центри што им обезбедуваат бесплатна помош на корисниците при пребарувањето на европските статистички податоци.
Ако не можете да ги најдете бараните информации на интернетската страница на Евростат или ако Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме посетете ја веб-страницата: User support
Корисничката поддршка дава информации дали бараните податоци и информации од ЕУ се достапни, каде може да бидат најдени на веб-страницата на Евростат, помага при верификација на податоците, дава дополнителни информации за методологијата, а помага и за решавање технички прашања.
Работно време на корисничката поддршка на македонски јазик:
(понеделник - петок) 9 - 15 ч.
Контакт:
ул. „Даме Груев“ бр. 4, 1000 Скопје
тел. +389 (0)2 3295 642