Слободен пристап до информации од јавен карактер

Само информиран граѓанин може да има соодветно видување на состојбата на општеството во кое живее и може да биде успешен партиципант во јавниот дискурс.

Слободниот пристап до информации од јавен карактер е универзално човеково право, што треба подеднакво да го уживаат сите засегнати и заинтересирани страни. Информација од јавен карактер е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности, со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите и олеснување на пристапот до информациите од јавен карактер. Само информиран граѓанин може да има соодветно видување на состојбата на општеството во кое живее и само информиран граѓанин може да биде успешен партиципант во јавниот дискурс.