Државен завод за СТАТИСТИКА

ДЗС како дел од СДДС Плус

На 28 јануари 2019 година Република Северна Македонија стана дел од Специјалниот систем за дисеминација на податоци Плус на Меѓународниот монетарен фонд (SDDS Plus - Special Data Dissemination Standards Plus).

Државниот завод за статистика, како координатор, заеднички со Народната банка на Република Северна Македонија и Министерството за финансии, успешно го минаа подготвителниот период за вклучување во Специјалниот систем за дисеминација на податоци Плус на ММФ и обезбедија ажурирани податоци за креирање на национална страница со податоци. Целиот процес беше следен, коментиран и одобрен од ММФ.

Националната страница со податоци е поставена на веб-страницата на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија и вклучува макроекономски податоци (категории на податоци) што се однесуваат на четирите сектори на националната економија: Реален сектор, Фискален сектор, Финансиски сектор, Надворешен сектор, како и на делот за Население. Националната страницa со податоци вклучува дисеминација на сите категории на податоци во формат SDMX, што е особено соодветно за компјутеризирана обработка на податоците.

Националните метаподатоци (методолошки основи на податоците) се поставени на веб-страницата на Билтенот за специјални стандарди за дисеминација на ММФ – DSBB website.

На страницата на ММФ, исто така, е достапен и календарот за навремено објавување на податоците (IMF's website) што содржи информации за роковите на објавување на податоците за четири месеци однапред (за тековниот месец и за следните три месеци).