Државен завод за СТАТИСТИКА

Систем за електронско прибирање на податоци (еСтат)

Електронското прибирање на податоци обезбедува  зголеменa ефикасност на статистичките процеси, навремено производство на високо квалитетни статистички податоци со  помали   трошоци, како и поедноставно пополнување на статистичките обрасци. 

еСтат е наменет за прибирање на податоци од деловните субјекти преку е-образец. Во апликацијата се влегува со корисничко име и лозинка кои се доставуваат до одговорните лица на деловните субјекти-даватели.

Имајќи во предвид дека некои деловни субјекти имаат обврска за доставување на податоци за повеќе статистички истражувања, напоменуваме дека истото корисничко име и лозинка ќе се користат за сите е-обрасци. Од таа причина истите треба да бидат споделени со сите лица кои се задолжени за доставување податоци во ДЗС.

Електронски систем еСтат