Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Амбасадорот на Италија во официјална посета на ДЗС

Во рамки на средбата, беше потврдена и зајакната долгогодишната соработка меѓу ДЗС и Италијанскиот национален институт за статистика (ИСТАТ).

На 19 ноември, амбасадорот на Италија, НЕ г-дин Паоло Палминтери, оствари официјална посета на Државниот завод за статистика (ДЗС), каде што се одржа билатерална средба со директорот на ДЗС, г-дин Дејан Станков. Разговорите беа насочени кон значењето на висококвалитетната статистика во процесот на пристапување на земјата кон Европската унија. Двете страни ја нагласија важноста од обезбедување сигурни, хармонизирани и меѓународно споредливи податоци како основа за креирање ефективни политики и за исполнување на обврските кон европскиот статистички систем.

Во рамки на средбата, беше потврдена и зајакната долгогодишната соработка меѓу ДЗС и Италијанскиот национален институт за статистика (ИСТАТ). Беше истакната заедничката посветеност на продлабочување на партнерството преку ЕУ-програми, активности за градење капацитети и методолошка усогласеност, со цел поддршка на европската интеграција на државата.
Посетата се одвиваше во позитивна и конструктивна атмосфера, при што беше заклучено дека професионалната соработка и културната размена придонесуваат за уште посилни врски меѓу институциите и двете земји.

ДЗС со симболична прослава по повод Неделата на италијанската кујна

Во духот на добрата соработка, ДЗС, во партнерство со ИСТАТ, организираше скромна прослава по повод Неделата на италијанската кујна во светот. Настанот, на кој присуствуваа вработени од двете институции и амбасадорот Палминтери, претставуваше можност за културно поврзување и одбележување на богатата италијанска гастрономска традиција.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

08 јул. 2025

Република Северна Македонија станува член на групата на високо ниво за партнерство, координација и градење капацитети за статистика за агендата за одржлив развој 2030 на ОН

Доц. д-р Дејан Станков, директор на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, е назначен за член на HLG-PCCB на ОН од јуни 2025 година

30 јун. 2025