Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Државниот завод за статистика воведува електронски образец за запишување на студентите на додипломски студии

Брзо и сигурно прибирање податоци за студентите преку Националниот портал за е-услуги

Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигиталнa трансформациja, воведува електронски начин на прибирање на податоците за образецот за запишување на студентите на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи во 2025/2026 година (ВОИ.20) со услуга на Националниот портал за е-услуги.

Услугата е достапна на следниов линк:


 


Оваа услуга може да ја користат сите студенти што имаат активен кориснички профил и запишуваат година на универзитетите во нашата држава, при што ќе добијат генериран образец и потврда за успешно доставен образец,  која електронски треба да ја достават до факултетската администрација.

Со користењето на оваа услуга, обврските на студентите се намалуваат, уписната процедура е побрза и поедноставна, како за студентите така и за факултетската администрација, а во исто време се добиваат и поточни, навремени и квалитетни податоци во Државниот завод за статистика.

Обезбедувајќи современи, едноставни и ефикасни начини при прибирањето на податоците, Државниот завод за статистика континуирано активно работи за подобрување на процесите и производство на навремени, квалитетни и веродостојни податоци што ќе помогнат за планирањето на образованието и ќе ја олеснат работата на факултетите, а придобивки од тоа ќе имаат студентите, институциите, како и македонското општество во целост.

Поврзани вести и соопштенија

Европскиот ден на статистиката го одбележавме заедно со студентите

Оваа година, кога се одбележува десетгодишнината од Европскиот ден на статистиката, посебен акцент беше ставен на приближувањето на статистиката до студентите и на зајакнувањето на соработката со академската заедница.

20 окт. 2026

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026