Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Државниот завод за статистика потпиша нов колективен договор со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани

Поголеми права и зголемени плати за вработените

Денес, 31.03.2026 година, во Државниот завод за статистика (ДЗС) беше потпишан нов колективен договор со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) кој носи важни промени за вработените во Заводот.

Платите се зголемуваат, а правата и бенефициите се прошируваат, овозможувајќи поголема сигурност, стабилност и можности за професионален развој. Договорот го потпишаа директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, г. Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при ДЗС, г. Зоран Георгиевски.

Според новиот договор, платите на вработените ќе се зголемат за 7 % од 1 март годинава, како дополнителен процент врз основа на законското усогласување. Дополнително, предвидено е и континуирано зголемување во наредните години, со 7 % зголемување од 1 март 2027 година и уште 7 % од 1 март 2028 година и плус законското усогласување со минималната плата за секоја година.

Овој договор ги потврдува вредноста и трудот на вработените и нивниот придонес во развојот и функционирањето на институцијата. Со новите мерки се унапредува нивниот стандард и се создаваат подобри услови за исполнување на поставените цели на Заводот.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија