Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Интензивна меѓународна соработка на Државниот завод за статистика

Директорот на Државниот завод за статистика учествуваше на 111. Конференција на претседателите на националните статистички институции на Европа, на која беше потпишан и Меморандум за разбирање со Турскиот институт за статистика

Директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, учествуваше на 111. Конференција на претседателите на националните статистички институции на Европа (DGINS), која се одржа на 28 и 29 октомври 2026 година во Берн, Швајцарија, во организација на Федералната канцеларија за статистика на Швајцарија, во соработка со Евростат. На конференцијата учествуваа раководители на националните статистички институции од европските земји, како и претставници на меѓународни организации.

Централна тема на конференцијата, под мотото „Подготвеност на официјалните податоци и статистиката за ерата на вештачката интелигенција“, беше влијанието на вештачката интелигенција врз создавањето, објавувањето и користењето на официјалната статистика. Посебно внимание беше посветено на достапноста и повторната употреба на податоците, зачувувањето на довербата и веродостојноста на официјалната статистика, како и на приспособувањето на статистичките институции кон новите технолошки предизвици.

Во рамките на конференцијата, Државниот завод за статистика и Турскиот институт за статистика (TURKSTAT) потпишаа Меморандум за разбирање за унапредување на соработката во областа на статистиката. Со меморандумот се предвидува размена на информации и искуства во примената на меѓународните статистички стандарди и методологии, развој на техничката соработка, како и организирање експертски посети, работилници и семинари.

Исто така, директорот на Заводот за статистика оствари билатерална средба со директорката на Статистиката на Шведска, Ева-Ло Иге. Средбата беше можност за размена на искуства и разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу двете национални статистички институции.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Факултетот за безбедност – Скопје

Директорот и вработени од Државниот завод за статистика се претставија пред присутните студенти со свои презентации поврзани со положбата и улогата на Заводот во општеството, значењето на официјалната статистика, националниот статистички систем и статистиките на криминалот

25 апр. 2025

Отворен нов Центар за обука со поддршка од Шведската статистика

Центарот овозможува современи услови за едукација, соработка и професионален развој во статистиката, достапен е за вработените во Заводот, како и за академската заедница, медиумите и други корисници на статистички податоци

10 апр. 2025