Новости

Крводарителска акција по повод 80-годишниот јубилеј на институцијата

ДЗС посветено работи на подобрување на општествената благосостојба преку хуманитарни активности и поддршка на различни иницијативи

Денес, во просториите на Државниот завод за статистика, беше организирана крводарителска акција по повод важниот јубилеј – 80 години од формирањето на институцијата. Овој настан потврдува дека ДЗС е општествено одговорна и хумана институција која активно се вклучува во поддршката на општеството.
Вработените во ДЗС се вклучија во дарувањето крв, со цел поддршка на потребите на здравствениот систем. Акцијата беше организирана во соработка со Црвениот крст.
Со оваа крводарителска акција, ДЗС демонстрира дека статистиката не е само бројки, туку и животот и благосостојбата на луѓето. Институцијата продолжува да се грижи за доброто на општеството и е подготвена да ги поддржи сите хумани иницијативи од витално значење, како што е и дарувањето крв.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Состанок со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст

На 30.12.2024 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, имаше состанок со заменик-директорот на Активноста, г-ѓа Тамара Тодоровска и раководителот на компонентата за јавно-приватен дијалог, г-ѓа Ирена Ѓоргиевска.

30 дек. 2024