Новости

Државниот завод за статистика и UN Women потпишаа Меморандум за разбирање за зајакнување на родовата статистика

„Со производството на веродостојни и навремени статистички податоци разделени по пол придонесуваме за креирање на политики, мерки и активности за подобрување на состојбите на полето на родовата еднаквост“

Државниот завод за статистика (ДЗС) и Канцеларијата на UN Women во земјата го зајакнаа партнерството со потпишување Меморандум за разбирање, за понатамошно унапредување на родовите статистики и промовирање на креирање политики засновани на податоци. Ова стратешко партнерство има за цел да го подобри институционалниот капацитет на ДЗС да собира, анализира и дистрибуира податоци специфични за родовите прашања, овозможувајќи подобро следење на родовата еднаквост низ различни национални и локални програми, со што ќе придонесе за родовата еднаквост во земјата.

Соработката ќе се фокусира на зајакнување на улогата на ДЗС во собирањето и толкувањето на родовите податоци, што е од клучно значење за развивање информирани политики кои се однесуваат на уникатните потреби на жените и мажите. Со поддршка на UN Women, ДЗС ќе може потемелно да ги интегрира родовите индикатори во својата статистичка рамка и да обезбеди одржливост на оваа експертиза во институцијата.

„Со производството на веродостојни и навремени статистички податоци разделени по пол придонесуваме за креирање на политики, мерки и активности за подобрување на состојбите на полето на родовата еднаквост.

Она што го работиме со UN Women e пример на добра и успешна пракса која дава извонредни резултати и придобивки за сите.  Со оглед на мандатите што ги имаме како институции, и Државниот завод за статистика и UN Women, секој со своите надлежности, се надградуваме и надополнуваме креирајќи активности и резултати кои претставуваат чекори за  исполнување на крајната цел – родова еднаквост подеднакво за сите и насекаде“, истакна директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков.

„Глобално, родовите статистики поделени по пол се клучни за унапредување на родовата еднаквост, зајакнувањето и правата на жените и девојчињата. Во Северна Македонија, нашето партнерство со Државниот завод за статистика ги зајакнува овие глобални заложби преку подобрување на достапноста и квалитетот на родовите податоци. Оваа соработка е од витално значење за обликување политики, развивање и спроведување на релевантни програми и информирање за распределба на ресурсите кои се однесуваат на специфичните предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата,“, истакна Нјарадзаи Гумбонзванда, помошник генерална секретарка на ОН и заменик-извршна директорка на UN Women за нормативна поддршка, системска координација на ОН и програмски резултати.

UN Women и Државниот завод за статистика се посветени да се осигураат дека ова партнерство ќе придонесе за значајни, одржливи промени. Со комбинирање на нивната експертиза, и двете организации имаат за цел да го отворат патот за поправедна иднина каде што сознанијата засновани на податоци претставуваат основа на националните стратегии и поттикнуваат подлабоко разбирање на родовата динамика во Северна Македонија.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Mеѓународна PxWeb конференција

Вчера и денес (7-8 ноември) во Скопје се одржува 33. Меѓународна годишна конференција за корисници за PxWeb и други Px-алатки. Државниот завод за статистика е кодомаќин на настанот, заедно со Статистика Шведска

08 ноем. 2024

Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година

Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок

05 ноем. 2024

Европски ден на статистиката – 20 октомври 2024 година

Деветтиот по ред Европски ден на статистиката (20 октомври 2024 година) ќе се одбележи под следното мото избрано од Европскиот статистички советодавен комитет: „Официјалната статистика, прозорец за разбирање на општеството“

18 окт. 2024