Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Плодна соработка на Државниот завод за статистика со ММФ за развој на официјалната статистика

Разгледани клучни макроекономски индикатори, демографски трендови и активностите во рамки на СДДС плус статистичкиот стандард на ММФ

Во Државниот завод за статистика се одржа плоден и конструктивен работен состанок со претставници на мисијата за членот 4 од Статутот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од Вашингтон.

На состанокот беа разгледани клучни статистички индикатори, со посебен акцент на бруто-домашниот производ (БДП) цените и инфлацијата, демографските движења и миграциските трендови. Претставниците на ДЗС ги презентираа најновите податоци и методолошки пристапи, при што беше потврдена важноста на квалитетните и навремени статистики за поддршка на економските анализи и креирањето политики.

Македонија е земја членка на СДДС плус, највисокиот статистички стандард на ММФ, а Државниот завод за статистика е национален координатор на процесот. Националната страница со податоци е поставена на веб-страницата на Државниот завод за статистика и вклучува макроекономски податоци што се однесуваат на четирите сектори на националната економија: реалниот сектор, фискалниот сектор, финансискиот сектор, надворешниот сектор, како и на делот за население.

Националната страница со податоци овозможува дисеминација на сите категории  податоци во формат SDMX, што е особено соодветно за компјутеризирана обработка на податоците.

Националните метаподатоци, кои ја опишуваат методолошката основа на податоците, се достапни во Билтенот за специјални стандарди за дисеминација на ММФ (DSBB).

Државниот завод за статистика ќе ја продолжи  активната соработка со ММФ во областа на официјалната статистика, со цел постојан напредок и развој на Националниот статистички систем.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Државниот завод за статистика и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потпишаа Меморандум за соработка

Двете институции ќе соработуваат во согласност со законските рамки и заеднички утврдените потреби, преку одржување на заеднички состаноци, присуство на конференции и учество на обуки и курсеви, организирани од едната или другата страна.

15 јан. 2025

Состанок со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст

На 30.12.2024 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, имаше состанок со заменик-директорот на Активноста, г-ѓа Тамара Тодоровска и раководителот на компонентата за јавно-приватен дијалог, г-ѓа Ирена Ѓоргиевска.

30 дек. 2024