Плодна соработка на Државниот завод за статистика со ММФ за развој на официјалната статистика
Разгледани клучни макроекономски индикатори, демографски трендови и активностите во рамки на СДДС плус статистичкиот стандард на ММФ
Во Државниот завод за статистика се одржа плоден и конструктивен работен состанок со претставници на мисијата за членот 4 од Статутот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од Вашингтон.
На состанокот беа разгледани клучни статистички индикатори, со посебен акцент на бруто-домашниот производ (БДП) цените и инфлацијата, демографските движења и миграциските трендови. Претставниците на ДЗС ги презентираа најновите податоци и методолошки пристапи, при што беше потврдена важноста на квалитетните и навремени статистики за поддршка на економските анализи и креирањето политики.
Македонија е земја членка на СДДС плус, највисокиот статистички стандард на ММФ, а Државниот завод за статистика е национален координатор на процесот. Националната страница со податоци е поставена на веб-страницата на Државниот завод за статистика и вклучува макроекономски податоци што се однесуваат на четирите сектори на националната економија: реалниот сектор, фискалниот сектор, финансискиот сектор, надворешниот сектор, како и на делот за население.
Националната страница со податоци овозможува дисеминација на сите категории податоци во формат SDMX, што е особено соодветно за компјутеризирана обработка на податоците.
Националните метаподатоци, кои ја опишуваат методолошката основа на податоците, се достапни во Билтенот за специјални стандарди за дисеминација на ММФ (DSBB).
Државниот завод за статистика ќе ја продолжи активната соработка со ММФ во областа на официјалната статистика, со цел постојан напредок и развој на Националниот статистички систем.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025