Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Економскиот факултет – Скопје

Соработката има за цел да ги приближи академскиот и јавниот сектор и да овозможи практично искуство за студентите

На 30.04.2025 година, во Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Меморандумот го потпишаа директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков и деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Предраг Трпески. Со овој документ се воспоставува рамка за стратегиска и долгорочна соработка со цел развој и реализација на активности од заеднички интерес.

Во согласност со Меморандумот, двете институции ќе соработуваат при организирање заеднички конференции, семинари, обуки и проекти; овозможување стручна пракса и посети на студенти во Заводот; размена на предавачи и експерти од релевантните области; поддршка при истражувачки активности и настани поврзани со статистиката и економијата и други иницијативи од заеднички интерес.

Оваа соработка има за цел да го зајакне поврзувањето меѓу академската заедница и јавниот сектор, како и да им понуди на студентите можности за практично учење и примена на стекнатите знаења.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Трета регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, учествуваше на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“, организирана од Институтот на сметководители и овластени сметководители

07 мај 2026