Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Предавање пред студентите од Американ колеџ

Денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група студенти од Американ колеџ

Денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група студенти од Американ колеџ кои заедно со своите професорки по предметот Макроекономија, проф. д-р Благица Петрески и проф. д-р Маја Парнаџиева,  го проследија предавањето на директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, на тема Основни економски индикатори.

Директорот Станков, во своето предавање ги објасни основните методолошки концепти на податоците за бруто-домашниот производ, инфлацијата, сиромаштијата и активноста на населението,  начинот на нивна пресметка и соодветно толкување.

Предавањето беше организирано во рамките на активностите на ДЗС со академската заедница за ширење на статистичката писменост и за зголемување на свесноста за значењето на официјалната статистика.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

27 септ. 2024