Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Реакција на Државниот завод за статистика поради погрешно толкување на статистички податоци

ДЗС реагира: Податоците за поскапувањето на зеленчукот не се протолкувани правилно

Во врска со прилогот објавен на телевизија Телма на 15.07.2025 година, со наслов „За една година зеленчукот поскап за 46 отсто, Мицкоски се сретна со Дурмиши, одлука за мерки нема“, достапен на следниот линк до веста, Државниот завод за статистика реагира на несоодветното толкување на статистичките податоци.

Имено, во објавата податоците се претставени на начин што остава впечаток дека се однесуваат на трошоците на животот иако станува збор за податоци од индексите на цените на земјоделските производи – аутпут, со базна година 2020 = 100.

Во таа насока, уште еднаш укажуваме дека индексите на аутпутот во земјоделството го опфаќаат производството од Земјоделскиот сектор, кое е откупено или продадено надвор од него, односно се работи за откупни цени, а не за малопродажни. Дополнително, треба да се има предвид дека податоците се прикажани со базна година 2020 = 100.

Податоците за индексите на цените на аутпутот во земјоделството, по месеци, се достапни во базата МАКСТАТ на следниот линк:

🔗 Индекси на цените на аутпутот во земјоделството

Податоците за индексите на трошоците на животот според класификацијата COICOP, кои се користат за следење на инфлацијата, исто така се достапни во базата МАКСТАТ, на следниот линк:

🔗 Индекси на трошоците на животот – COICOP

Од овие податоци може да се види дека трошоците на животот во подгрупата Зеленчук во јуни 2025 година, во споредба со истиот месец од претходната година, се зголемени за 9.66 %.
Ги замолуваме медиумите и јавноста да ја земат предвид оваа реакција, со цел статистичките податоци да се толкуваат соодветно и точно при нивното презентирање.

Поврзани вести и соопштенија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Факултетот за безбедност – Скопје

Директорот и вработени од Државниот завод за статистика се претставија пред присутните студенти со свои презентации поврзани со положбата и улогата на Заводот во општеството, значењето на официјалната статистика, националниот статистички систем и статистиките на криминалот

25 апр. 2025