Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд

Се дискутираше за повеќе теми од областа на националните сметки, инфлацијата, популациските и миграциските трендови, деловните и социјалните статистики, како и за идните активности на Заводот во насока на хармонизирање со меѓународните статистички стандарди

На 13.02.2025 година во просториите на Државниот завод за статистика се одржа состанок помеѓу експерти од Државниот завод за статистика и претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од Вашингтон.

Нашата земја е дел од највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на ММФ – СДДС плус, што е потврда за квалитетот на официјалните статистички податоци. ДЗС како координатор на овие активности високо ја цени соработката со ММФ.

На почетокот на состанокот, директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, ги информира претставниците на ММФ за преземените активности во функција на јакнење на статистичкиот систем на земјата. Директорот Станков ја истакна важноста на квалитетните статистички податоци во процесот на креирање  развојни политики во државата. Се дискутираше за повеќе теми од областа на националните сметки, инфлацијата, популациските и миграциските трендови, деловните и социјалните статистики, како и за идните активности на Заводот во насока на хармонизирање со меѓународните статистички стандарди.   

Соработката со ММФ ќе продолжи и во иднина, сè со цел развивање современ и силен национален статистички систем, усогласен со највисоките меѓународни статистички стандарди.

Поврзани вести и соопштенија

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

08 јул. 2025

Република Северна Македонија станува член на групата на високо ниво за партнерство, координација и градење капацитети за статистика за агендата за одржлив развој 2030 на ОН

Доц. д-р Дејан Станков, директор на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, е назначен за член на HLG-PCCB на ОН од јуни 2025 година

30 јун. 2025

Статистичка конфренција „25 години родови статистики"

Конференцијата се одржа во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години од основањето на Државниот завод за статистика, со што се нагласи континуираниот придонес на институцијата за развојот на официјалната статистика

04 јун. 2025