Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Среќна Нова 2026 година

Државниот завод за статистика ви ја честита Новата 2026 година со желби за здравје, лични и професионални достигнувања, како и за успешна соработка во годината што претстои. Нека 2026 година ни донесе нови можности, стабилност и заеднички успеси!

Поврзани вести и соопштенија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Комората на сметководители

Меморандумот ќе овозможи подобра координација помеѓу двете институции, организирање на заеднички настани со акцент на усогласувањето на статистичките и сметководствени прописи и стандарди, како и на поддршката во процесот на квалитетно финансиското известување, со цел добивање точни, прецизни и сеопфатни податоци што се предмет на статистичка анализа. 

17 јан. 2025

Државниот завод за статистика и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потпишаа Меморандум за соработка

Двете институции ќе соработуваат во согласност со законските рамки и заеднички утврдените потреби, преку одржување на заеднички состаноци, присуство на конференции и учество на обуки и курсеви, организирани од едната или другата страна.

15 јан. 2025

Состанок со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст

На 30.12.2024 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, имаше состанок со заменик-директорот на Активноста, г-ѓа Тамара Тодоровска и раководителот на компонентата за јавно-приватен дијалог, г-ѓа Ирена Ѓоргиевска.

30 дек. 2024