Статистиката како алатка за еднаквост: Државниот завод за статистика на конференцијата „EqualXchange“
ДЗС со силна поддршка на еднаквите можности – презентирани клучни податоци и насоки на конференцијата „EqualXchange“ на тема „Empowering Ideas, Inspiring Journeys“
Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, на 13.06.2025 година, учествуваше како говорник на четвртата годишна конференција организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), подружница Алијанса за родова еднаквост (ГЕА), на тема „EqualXchange: Empowering Ideas, Inspiring Journeys“.
Г. Станков направи осврт на последните национални податоци поврзани со родовата еднаквост, за напредокот постигнат досега, тековните предизвици и идните насоки, а пред присутните го промовира и најновото издание на публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија, 2025“, која содржи важни информации и родово разделени податоци за областите како што се образованието, здравството, вработувањето и учеството во донесувањето одлуки.
Меѓу другото, тој истакна дека конференцијата има големо значење за Државниот завод за статистика бидејќи овозможува да се презентираат значителни статистички индикатори произведени од ДЗС, а кои се основа за јавна дебата и донесување одлуки засновани на докази со цел унапредување на еднаквите можности во нашето општество.
Конференцијата претставува важен чекор кон унапредување на процесите на донесување информирани одлуки, што е од суштинско значење за постигнување одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Потпишана Декларација за партнерство за формализација на неформалната економија во Северна Македонија
Заедничка посветеност на институциите за намалување на сивата економија
20 фев. 2026
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025