Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Статистиката како алатка за еднаквост: Државниот завод за статистика на конференцијата „EqualXchange“

ДЗС со силна поддршка на еднаквите можности – презентирани клучни податоци и насоки на конференцијата „EqualXchange“ на тема „Empowering Ideas, Inspiring Journeys“

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, на 13.06.2025  година, учествуваше како говорник на четвртата годишна конференција организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), подружница Алијанса за родова еднаквост (ГЕА), на тема „EqualXchange: Empowering Ideas, Inspiring Journeys“. 

Г. Станков направи осврт на последните национални податоци поврзани со родовата еднаквост, за напредокот постигнат досега, тековните предизвици и идните насоки, а пред присутните го промовира и најновото издание на публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија, 2025“, која содржи важни информации и родово разделени податоци за областите како што се образованието, здравството, вработувањето и учеството во донесувањето одлуки.

Меѓу другото, тој истакна дека конференцијата има големо значење за Државниот завод за статистика бидејќи овозможува да се презентираат значителни статистички индикатори произведени од ДЗС, а кои се основа за јавна дебата и донесување одлуки засновани на докази со цел унапредување на еднаквите можности во нашето општество. 

Конференцијата претставува важен чекор кон унапредување на процесите на донесување информирани одлуки, што е од суштинско значење за постигнување одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Средба на директорите на Државниот завод за статистика и Централниот регистар

Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката, вчера се одржа координативен состанок на директорите на Централниот регистар и Државниот завод за статистика, г-ѓа Анита Стамнова и г. Дејан Станков.

16 окт. 2024

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

27 септ. 2024