Новости

56. сесија на Статистичката комисија на ОН – највисоко тело за одлучување за меѓународни статистички активности

Генерална тема на сесијата е „Подобри податоци, подобри животи“, а членовите на Комисијата за статистика, меѓу другото, дискутираа и усвоија  две резолуции – „Систем на националните сметки 2025“ и „Светска програма за попис на населението и домувањето за 2030 година“

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, учествуваше на 56. сесија на Статистичката комисија на Обединетите нации што се одржа во Њујорк, од 4 до 7 март 2025 година.

Статистичката комисија на Обединетите нации (UNSD), која е составена од раководители на националните статистички институти на земјите членки на Обединетите нации, е највисок орган на меѓународниот статистички систем со права да решава за прашања кои се однесуваат на статистичките активности во светот, особено во поставувањето статистички стандарди, развојот на концепти и методи и нивна имплементација на национално и на меѓународно ниво. 

Генерална тема на сесијата е „Подобри податоци, подобри животи“, а членовите на Комисијата за статистика, меѓу другото, дискутираа и усвоија  две резолуции – „Систем на националните сметки 2025“ и „Светска програма за попис на населението и домувањето за 2030 година“. Покрај тоа, беше усвоена ревидирана рамка за индикаторите за одржлив развој.

Дополнително, г. Станков оствари официјална средба со директорката на Евростат, г-ѓа Мариана Коцева, на која разговараше за интензивирање на континуираната поддршка на Евростат за ДЗС и зголемување на сетот на податоци што ги објавува Евростат за нашата земја. Исто така, беше остварена билатерална средба и со претседателот на Унгарскиот централен статистички завод, г. Арон Кинчеш, на која беше потврдена досегашната одлична соработка помеѓу двата заводи, беа разгледани можните статистички области за нејзино надградување и проширување, како и потпишување Меморандум за соработка во догледно време.   

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Средба на директорите на Државниот завод за статистика и Централниот регистар

Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката, вчера се одржа координативен состанок на директорите на Централниот регистар и Државниот завод за статистика, г-ѓа Анита Стамнова и г. Дејан Станков.

16 окт. 2024

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

27 септ. 2024