Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

ДЗС учествуваше на состанок на Групата за статистичка соработка во Анкара

Разгледани приоритетите за усогласување со ЕУ и идната статистичка соработка

Делегацијата на Државниот завод за статистика (ДЗС), предводена од директорот д-р Дејан Станков, учествуваше на годишниот состанок на Групата за политика за статистичка соработка (ПГСЦ), што се одржа на 24 и 25 септември во Анкара, Турција, организиран од Евростат, а домаќин беше турскиот статистички институт (Туркстат).
На дводневниот состанок учествуваа претставници на Евростат, Европската комисија и националните статистички институти од земјите од проширувањето за да разговараат за стратегиските приоритети и развојот во Европскиот статистички систем (ЕСС).
Дневниот ред се фокусираше на широк спектар теми клучни за понатамошно усогласување на земјите од проширувањето со правото на ЕУ за статистика, вклучувајќи:

  • Развој во Евростат и ЕСС и улогата на статистиката во процесот на проширување на ЕУ
  • Имплементација на ревидираната Регулатива (ЕЗ) бр. 223/2009, со акцент на управувањето со податоците и пристапот до податоци во приватна сопственост
  • Напредок и предизвици во обезбедувањето достапност, производство и дисеминација на податоците потребни од правото на ЕУ за статистика
  • Национални планови на земјите од проширувањето за усогласување со статистичките барања на ЕУ
  • Добри практики во комуникацијата на официјалната статистика и најновите случувања во националните статистички системи
  • Стратегија за статистичка соработка со земјите од проширувањето за периодот 2028 – 2034 година
  • Најнови искуства од партнерските оценувања, кои обезбедуваат корисни лекции за зајакнување на институционалниот квалитет и довербата во официјалната статистика.

Учеството на делегацијата на ДЗС на овој состанок ја потврди силната посветеност на ДЗС кон процесот на европска интеграција со усогласување на статистичкиот систем со стандардите на ЕУ и активно придонесување во дијалогот за иднината на статистичката соработка.

Поврзани вести и соопштенија

Состанок со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст

На 30.12.2024 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, имаше состанок со заменик-директорот на Активноста, г-ѓа Тамара Тодоровска и раководителот на компонентата за јавно-приватен дијалог, г-ѓа Ирена Ѓоргиевска.

30 дек. 2024