Новости

Европски ден на статистиката – 20 октомври 2024 година

Деветтиот по ред Европски ден на статистиката (20 октомври 2024 година) ќе се одбележи под следното мото избрано од Европскиот статистички советодавен комитет: „Официјалната статистика, прозорец за разбирање на општеството“

Европската статистичка заедница го одбележува Европскиот ден на статистиката на 20 октомври. Овој ден е воспоставен од Европскиот статистички советодавен комитет (ESAC) и е поддржан од Европскиот статистички систем (ESS) и Европскиот систем на централни банки.

Деветтиот по ред Европски ден на статистиката (20 октомври 2024 година) ќе се одбележи под следното мото избрано од Европскиот статистички советодавен комитет: „Официјалната статистика, прозорец за разбирање на општеството“.

Официјалната статистика е објектив преку кој можеме да стекнеме длабоки и сигурни сознанија за нашето општество. Таа е од витално значење за донесување одлуки за сегашноста и иднината засновани на докази. Официјалните статистички податоци веќе долго време се произведуваат во согласност со начелата на независност, интегритет и одговорност, со употреба на статистички методи кои се засноваат на меѓународни стандарди, најдобри практики и научно издржани пристапи и стремеж кон иновации. Бидејќи веродостојните и квалитетните статистички податоци се приоритет за креирање политики, добрата вест е тоа што официјалната статистика сега е поблиску до граѓаните од кога било досега, искористувајќи го целосниот потенцијал на дигиталната ера.

Усогласувањето на македонската статистика со Евростат е критичен чекор во усогласувањето на нашите стандарди со стандардите на Европската Унија, особено со оглед на амбициите на земјата за пристапување во ЕУ. Овој процес вклучува сеопфатно усогласување на националните статистички системи со Европскиот статистички систем (ESS), кој е надгледуван од Евростат. Државниот завод за статистика, како дел од Европскиот статистички систем, вложува огромни напори за усогласување на македонската статистика со Евростат преку усвојување и спроведување на стандардите на ЕУ - Кодексот за работа на европската статистика, регулативи и директиви на ЕУ, европски класификации, усогласување на економската статистика, механизми за обезбедување квалитет.

Овој процес на усогласување е клучен за обезбедување веродостојни и споредливи податоци, што е од клучно значење за креирање политики и следење во контекст на интеграцијата во Европската Унија.

Државниот завод за статистика, како и секоја година, го одбележува Денот на европската статистика, а годинава тоа ќе го направи заедно со студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип каде што директорот на Заводот, д-р Дејан Станков, ќе одржи пригодно предавање  на тема „Официјалната статистика, прозорец за разбирање на општеството“, а заедно со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, ќе потпишат Меморандум за соработка со кој ќе се продлабочи и унапреди соработката меѓу двете институции.

Поврзани вести и соопштенија

Прв состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Подобрување на квалитетот и опфатот на статистиките за животната средина и здравствените статистики“

Проектот е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и е заеднички имплементиран од страна на ДЗС и Италијанскиот национален институт за статистика (Istat), во партнерство со Конзорциумот за информациски системи (Consorzio per il Sistema Informativo – CSI Piemonte), Агенцијата за енергетски услуги (Gestore Servizi Energetici – GSE) и Италијанското географско друштво (Società Geografica Italiana – SGI)

06 фев. 2025

Билатерална посета и продлабочување на партнерството со Шведската статистика

Билатералната долгогодишна и ефективна соработка помеѓу двете институции, поддржана од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (SIDA), има долгогодишна историја и се развиваше низ пет клучни фази.

24 јан. 2025

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Комората на сметководители

Меморандумот ќе овозможи подобра координација помеѓу двете институции, организирање на заеднички настани со акцент на усогласувањето на статистичките и сметководствени прописи и стандарди, како и на поддршката во процесот на квалитетно финансиското известување, со цел добивање точни, прецизни и сеопфатни податоци што се предмет на статистичка анализа. 

17 јан. 2025

Државниот завод за статистика и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потпишаа Меморандум за соработка

Двете институции ќе соработуваат во согласност со законските рамки и заеднички утврдените потреби, преку одржување на заеднички состаноци, присуство на конференции и учество на обуки и курсеви, организирани од едната или другата страна.

15 јан. 2025

Состанок со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст

На 30.12.2024 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, имаше состанок со заменик-директорот на Активноста, г-ѓа Тамара Тодоровска и раководителот на компонентата за јавно-приватен дијалог, г-ѓа Ирена Ѓоргиевска.

30 дек. 2024