Евростат во посета на Државниот завод за статистика
Во периодот од 19 до 21 октомври 2026 година, Државниот завод за статистика беше домаќин на втората годишна мисија на Евростат за 2026 година.
Во периодот од 19 до 21 октомври 2026 година, Државниот завод за статистика беше домаќин на втората годишна мисија на Евростат за 2026 година. Делегацијата ја предводеа Вероник ван дер Занде, одговорен службеник за нашата земја и Ана Марија Манчо Рохо, одговорен заменик-службеник.
За време на посетата, претставниците на Евростат се запознаа со тековните активности, постигнатите резултати и напредокот на Државниот завод за статистика во спроведувањето на европските статистички стандарди, како и со приоритетите и предизвиците во понатамошниот развој на официјалната статистика.
Во рамките на мисијата беа одржани работни средби со раководството и претставници од секторите на Државниот завод за статистика, на кои беа презентирани активностите од различни статистички области, постигнатите резултати и идните планови за унапредување на статистичките процеси и квалитетот на податоците.
На дел од средбите учествуваа и претставници на Народната банка и Министерството за финансии, како институции членки на Националниот статистички систем. Разговорите беа насочени кон размената на информации, координацијата меѓу институциите и унапредувањето на соработката во насока на исполнување на европските статистички барања.
Посебно внимание беше посветено на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување кон Европската Унија, усогласувањето со европските статистички стандарди и понатамошното зајакнување на соработката меѓу Државниот завод за статистика и Евростат. Заклучоците од мисијата претставуваат важен придонес кон подготовката на годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во областа на Поглавјето 18 – Статистика.
На втората годишна мисија беше потврден значителниот напредок што го постигна Државниот завод за статистика во периодот од февруари до септември 2026 година. Активностите што во февруари беа во почетна фаза во меѓувреме се реализирани, а предизвиците што беа идентификувани се надминати или преточени во консолидирани и функционални решенија. Особено е важно што овој напредок е постигнат во услови на ограничени човечки и финансиски ресурси, што дополнително ги потврдува посветеноста на ДЗС, неговата институционална одговорност и сопственост врз процесите. Постигнатите резултати ја одразуваат способноста на институцијата ефикасно да ги користи расположливите капацитети и да обезбеди континуитет во спроведувањето на реформите, и покрај постојните ограничувања.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Одбележани две децении од воспоставувањето на Кодексот на европската статистичка практика
Европските статистички институции разменија искуства и добри практики за унапредување на довербата во официјалната статистика
10 ноем. 2025
Државниот завод за статистика учествуваше на 110-тата DGINS конференција во Сплит
ДЗС ја зајакнува меѓународната соработка и размената на добри практики во рамки на европскиот статистички систем
24 окт. 2025
Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!
22 окт. 2025
Светскиот ден на статистиката одбележан со меѓународна научна конференција во Будимпешта
Статистиката и науката – партнери за подобра иднина
21 окт. 2025
Потпишан договор за размена на податоци со Агенцијата за вработување
Јакнење на статистичкиот систем преку размена на податоци меѓу клучни институции
17 окт. 2025