Работна средба со Институтот за сметководители и овластени сметководители
Државниот завод за статистика во процесот на имплементирањето на новата верзија на Националната класификација на дејностите (ревизија 2.1)
Државниот завод за статистика во процесот на имплементирањето на новата верзија на Националната класификација на дејностите (ревизија 2.1), остварува средби со субјектите кои непосредно ја применуваат во своето секојдневно работење. Во таа насока на 5.12.2024 година се одржа работна средба на претставници од Државниот завод за статистика со Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС).
На средбата ДЗС го презентира процесот на имплементација на НКД рев. 2.1 како задолжителен национален стандард кој е целосно усогласен со европскиот стандард NACE (Nomenclature statistique des Аctivités économiques dans la Communauté Еuropéenne). Овој стандардј ги дефинира економските активности и ги класифицира деловните субјекти и единиците во состав на деловните субјекти, а е наменет за употреба во официјални и други административни бази на податоци, за административни, статистички и аналитички потреби во општеството во целина и обезбедува податоци и информации меѓународно споредливи.
Претставниците од ДЗС ја објаснија структурата на класификацијата, коресподентниите врски меѓу претходната и новата верзија, како и ги запознаа присутните со начинот на кој статистика ја утврдување главната дејност на деловниот субјект кој во своето деловно работење извршува повеќе дејности, познат како Top-down метод.
Соработката ќе продолжи и во наредниот период со цел правилна примена на новата верзија на Националната класификација на дејностите (рев. 2.1). ДЗС воедно соработува и со други субјекти кои во своето работење го користат овој национален стандард.
Поврзани вести и соопштенија
Средба на директорите на Државниот завод за статистика и Централниот регистар

Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката, вчера се одржа координативен состанок на директорите на Централниот регистар и Државниот завод за статистика, г-ѓа Анита Стамнова и г. Дејан Станков.
16 окт. 2024
Координативен состанок на Групата за политики за статистичка соработка

Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија зависат од силни и ефективни национални статистички институции
04 окт. 2024
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
27 септ. 2024