Годишна оценска мисија на Евростат
Од 16 до 18 октомври 2024 година се одржа редовната годишна мисија за оценување на работата на Националниот статистички систем, што ја спроведува Статистичкиот завод на Европската Унија - Евростат
На мисијата, со Евростат, физички присуствуваше г. Торбиојрн Карлквист, лидер на тимот за делот на проширување и виртуелно се вклучуваа експерти од соодветните домени, за макроекономските, земјоделските и деловните статистики. На мисијата присуствуваше и г. Олег Хирбу, претставник од Делегацијата на Европската Унија, задолжен за следење на хармонизацијата на статистиката, а во еден дел присутни беа и претставници на Директоратот за проширување и Директоратот за ЕКФИН.
Претставникот на Евростат најнапред оствари средба и разговори со директорот на ДЗС. Притоа, претставникот беше запознаен со активностите на Заводот во изминатиот период, како и со идните приоритети во насока на унапредување на работата, подобрување на квалитетот и осовременување на процедурите за прибирање и пристап до податоците на Заводот.
Беа остварени и работни средби со вработени од сите сектори во Заводот и претставници од Народната банкакои подетално ја презентираа својата работа и достигнувањата во насока на усогласување на националното со европското законодавство во областа на статистиката.
Заклучоците од редовната годишна мисија на Евростат претставуваат важен придонес кон подготовката на годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на Поглавјето 18 Статистика.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на математичарите на Македонија
Јакнење на интересот и потенцијалот на младите за економските науки
11 дек. 2025
Средба со Амбасадорот на Република Чешка – потенцирана континуираната соработка помеѓу македонскиот и чешкиот статистички систем
Беше истакнато дека ваквите партнерства претставуваат важна основа за развој на современи, ефикасни и доверливи статистички системи што е од суштинско значење за креирање на квалитетни политики и за транспарентно информирање на јавноста
02 дек. 2025