Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Посета од Евростат во Државниот завод за статистика

Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди

Во периодот од 9 до 11 февруари 2026 година, Државниот завод за статистика беше домаќин на редовната годишна мисија на Евростат. Делегацијата ја предводеше Клаудија Јункер, раководител на Одделот за соработка, соседство и развојна соработка, заедно со Вероник ван дер Занде, одговорен службеник за нашата држава.

За време на посетата, претставниците на Евростат се запознаа со тековните активности и постигнатите резултати на ДЗС, како и со напредокот постигнат од претходната годишна мисија. Делегацијата посебно го оцени напредокот во трансмисијата на податоци и ја потврди континуираната посветеност на Заводот за примена на европските статистички стандарди.

Претставниците на Евростат остварија средби со раководството, секторските и одделенските раководители на ДЗС, како и со претставници на Народната банка, Министерството за финансии и Институтот за јавно здравје, кои се членови на Националниот статистички систем. Во рамките на овие разговори, беше истакнато високото ниво на соработка помеѓу ДЗС и другите институции во Националниот статистички систем, како и континуираното унапредување на квалитетот и доверливоста на статистичките податоци.

Во текот на дискусиите се разгледаа и обврските што произлегуваат од пристапувањето кон Европската Унија, како и новите можности за соработка помеѓу двете институции. 
Посетата на Евростат претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката и е потврда за континуираната посветеност на Државниот завод за статистика за обезбедување квалитетни, релевантни и доверливи статистички податоци, кои се во служба на јавноста и на планирањето на јавните политики.

Поврзани вести и соопштенија

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026

35 години независна Македонија – приказна раскажана низ бројки

По повод 35 години од независноста, Државниот завод за статистика ја подготви публикацијата „35 години независна Македонија“, која преку внимателно избрани статистички показатели ги прикажува развојот и промените во земјата во изминатите три и пол децении

07 септ. 2026