Државниот завод за статистика и UN Women потпишаа Меморандум за разбирање за зајакнување на родовата статистика
„Со производството на веродостојни и навремени статистички податоци разделени по пол придонесуваме за креирање на политики, мерки и активности за подобрување на состојбите на полето на родовата еднаквост“
Државниот завод за статистика (ДЗС) и Канцеларијата на UN Women во земјата го зајакнаа партнерството со потпишување Меморандум за разбирање, за понатамошно унапредување на родовите статистики и промовирање на креирање политики засновани на податоци. Ова стратешко партнерство има за цел да го подобри институционалниот капацитет на ДЗС да собира, анализира и дистрибуира податоци специфични за родовите прашања, овозможувајќи подобро следење на родовата еднаквост низ различни национални и локални програми, со што ќе придонесе за родовата еднаквост во земјата.
Соработката ќе се фокусира на зајакнување на улогата на ДЗС во собирањето и толкувањето на родовите податоци, што е од клучно значење за развивање информирани политики кои се однесуваат на уникатните потреби на жените и мажите. Со поддршка на UN Women, ДЗС ќе може потемелно да ги интегрира родовите индикатори во својата статистичка рамка и да обезбеди одржливост на оваа експертиза во институцијата.
„Со производството на веродостојни и навремени статистички податоци разделени по пол придонесуваме за креирање на политики, мерки и активности за подобрување на состојбите на полето на родовата еднаквост.
Она што го работиме со UN Women e пример на добра и успешна пракса која дава извонредни резултати и придобивки за сите. Со оглед на мандатите што ги имаме како институции, и Државниот завод за статистика и UN Women, секој со своите надлежности, се надградуваме и надополнуваме креирајќи активности и резултати кои претставуваат чекори за исполнување на крајната цел – родова еднаквост подеднакво за сите и насекаде“, истакна директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков.
„Глобално, родовите статистики поделени по пол се клучни за унапредување на родовата еднаквост, зајакнувањето и правата на жените и девојчињата. Во Северна Македонија, нашето партнерство со Државниот завод за статистика ги зајакнува овие глобални заложби преку подобрување на достапноста и квалитетот на родовите податоци. Оваа соработка е од витално значење за обликување политики, развивање и спроведување на релевантни програми и информирање за распределба на ресурсите кои се однесуваат на специфичните предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата,“, истакна Нјарадзаи Гумбонзванда, помошник генерална секретарка на ОН и заменик-извршна директорка на UN Women за нормативна поддршка, системска координација на ОН и програмски резултати.
UN Women и Државниот завод за статистика се посветени да се осигураат дека ова партнерство ќе придонесе за значајни, одржливи промени. Со комбинирање на нивната експертиза, и двете организации имаат за цел да го отворат патот за поправедна иднина каде што сознанијата засновани на податоци претставуваат основа на националните стратегии и поттикнуваат подлабоко разбирање на родовата динамика во Северна Македонија.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на математичарите на Македонија
Јакнење на интересот и потенцијалот на младите за економските науки
11 дек. 2025
Средба со Амбасадорот на Република Чешка – потенцирана континуираната соработка помеѓу македонскиот и чешкиот статистички систем
Беше истакнато дека ваквите партнерства претставуваат важна основа за развој на современи, ефикасни и доверливи статистички системи што е од суштинско значење за креирање на квалитетни политики и за транспарентно информирање на јавноста
02 дек. 2025